AI Логопед Лого
AI ЛОГОПЕД
100% Локален Edge AI
Иновативен Edge AI систем за дигитална инклузија, рано откривање и интерактивна говорна поддршка на децата во образовните и инклузивните установи.
Зошто постои AI Логопед? Овој проект не започна во корпоративна сала, туку дома - од потребата да ѝ помогнеме на нашата ќерка со дислалија (потешкотии во изговорот) во момент кога постоечкиот систем немаше доволно ресурси, спојувајќи ги знаењето и искуството на татко AI инженер и мајка одделенски наставник. Денес, таа лична борба е преточена во првиот автономен Edge AI систем за македонскиот говор - создаден за секое дете да добие навремена поддршка, правилен развој и самодоверба.
1. Проблем
  • 25% - 30% од децата во предучилишна и рана училишна возраст се соочуваат со потешкотии при изговарање на гласовите.
  • 1 : 1.000+ акутен дефицит од стручни логопеди (особено надвор од градовите) - недостига кадар за редовни индивидуални вежби.
  • 5 - 9 год. критичен период за корекција кој се губи поради долгите листи на чекање и скапите приватни третмани.
2. Решение: AI Логопед
  • AI системска детекција: Специјализираната вештачка интелигенција во реално време извршува акустична, DSP и фонетска анализа во моментот кога детето зборува. За разлика од стандардните говорни модели кои само го препознаваат зборот, нашиот систем анализира како е изговорен секој глас - што е клучно за прецизно откривање на дислалија - и веднаш нуди насочено решение и вежба за негова правилна корекција.
  • Целосна заштита на детската биометрија: 100% локална обработка. Сите гласовни анализи се извршуваат директно на Edge AI уредот, без интернет и надворешни сервери - гарантирајќи апсолутна приватност и законска усогласеност.
  • Динамично прилагодување кон секое дете: Вештачката интелигенција го следи индивидуалниот напредок и адаптивно ги прилагодува темпото и тежината на вежбите.
  • Објективни податоци и регионална скалабилност: Системот заштедува часови административна работа на логопедите преку автоматски, мерливи извештаи, додека архитектурата едноставно се прилагодува и за соседните јазици.
3. Потврдено на терен
  • Функционален хардверско-софтверски прототип (TRL-6/7): Оперативен Edge AI уред и софтверски систем, успешно тестиран во реални услови.
  • Институционална валидација: Официјални писма за поддршка од градоначалници и писма за намера од директори на основни училишта, детски градинки и ресурсен центар.
  • Директна подготвеност: Обезбедена согласност за поставување и активно користење на пилот-терминалите во инклузивните кабинети.
AI Logoped Терминал - Преден приказ
AI Логопед - Edge AI терминал за говорна поддршка
4. Како им помага на децата и логопедите
  • Брза 3-минутна проверка на говорот: За само 3 минути по дете, установата добива јасна слика кои гласови се проблематични (Р, Л, С, Ш, Ч, Ќ, Џ), плус 7-минутен целосен преглед на гласовниот систем.
  • Клинички структурирани вежби и гејмификација: Комплетната програма ја следи проверената методологија на Чарлс Ван Рајпер - од чисти гласови и минимални парови, до слогови, зборови, реченици и брзозборки. Секој чекор е паметно приспособен од AI и наградуван низ целосен систем за гејмификација - со XP поени и нивоа, ѕвезди и трофеи, што го одржуваат детското внимание на врвно ниво.
  • Анимации за говорни вежби и ритам: Забавни вежби насочени кон правилно движење на јазикот, усните, дишењето и темпото за течен и разбирлив говор.
  • Паметно следење на напредокот: Системот веднаш слуша кога детето меша или заменува гласови (на пр. Р со Л), се прилагодува на неговото ниво и подготвува јасен извештај за стручниот тим и родителите.
Алатка за мултипликација на стручниот кадар: Не ги заменува логопедите и дефектолозите - туку им овозможува на стручните тимови и наставниците да опфатат многу повеќе деца со секојдневно вежбање и континуиран увид во напредокот.
5. Модел за Соработка и Имплементација Отворено за општествено одговорни компании, фондови, дипл. претставништва и инвеститори.
Донатори / CSR 1. Спонзор на Терминал Финансирање на опрема за 1 училиште или градинка. Директна поддршка за 100+ деца годишно во локалната заедница.
Главен Партнер / Грант 2. Пилот-Мрежа Поставување 3–5 терминали низ повеќе училишта за масовна проверка, системско решение и висок ESG ефект.
Инвеститори / Развој 3. Скалирање и Пазар Поддршка за првата пилот-серија, правна заштита на технологијата и прилагодување за соседните регионални пазари.
Што добива партнерот: ✓ Директен социјален импакт: Поддршка за секое дете ✓ Брендирање и јавна промоција ✓ Пионер во домашна AI иновација